Објавено на од во категоријата Без категорија.

Тагови:

krismas

 

Бидејќи опасно ни се ближат празници, мислам дека е вистинско време овој пат малку да одмориме од банкарските теми и со време да се посветиме на бирање подароци за најблиските 🙂 Јас во последниов период баш имав проблем со наоѓање убави и интересни подароци во продавница, па се решив дека ќе бидам малку покреативна и ќе почнам подароците да си ги правам сама. Имајќи на ум дека декември е особено кнап месец од финансиски аспект, ова и те како добро доаѓа. Плус, секој повеќе ќе го цени трудот вложен во подарокот, отколку цената. Како викаат…Ако е грдо, само стави му машна 😀

  1. Празнични колачиња

Кој не сака колачиња? Особено ако се со цимет и супер одат со кафе или чај.

1

Што ќе ти треба?

  • 300 грама путер
  • Две јајца
  • 600 грама брашно
  • 150 грама шеќер во прав
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • цимет

Постапка:

Нема голема филозофија, сѐ во еден сад, мешај силно додека не се соедини и после можеш да правиш колачиња. Јас си купив новогодишни форми за колачиња од Џамбо, ама гратис хинт: со тегличка Нутела добиваш едно печатче за колачиња гратис – combo breaker! 🙂 Ако немаш форми, можеш да искористиш обична чаша, па ќе ти излезат како на сликата. После само ги печеш додека не станат златни и готово. Стави им машна и терај! Или ич не им ставај машна и сите изеди си ги, нема да кажам на никој 🙂

 

  1. Желе сапунчиња

Не знам дали ги следите Nifty на социјалниве мрежи, ама јас сум благо опседната. Имаат одлични идеи за разни работи, но бидејќи имам еден куп другарки, мене ми се виде интересно ова видео.

Е сега, морам да ви шепнам дека рецептот им е згрешен (не прашувајте како сфатив и само кажете ми фала). Количината на желатин што ја предлагаат ќе ти биде доволна за да направиш кило сапунчиња, а јас толку другарки баш и немам. Според тоа, маааааалку ќе го адаптираме 🙂 Битно, излегуваат супер забавни, се тресат како пудинг и убаво мирисаат.

Што ќе ти треба?

  • Гел за туширање по избор
  • Една кесичка желатин (а не 16oz што уствари е скоро пола кило)
  • Малку сол (под малку, мислам навистина малку)
  • Вода
  • Боја за колачи
  • Силиконски модли за колачи

 

Што треба да направиш:

Чекор 1: Зовриј ја водата

Чекор 2: Истури го кесичето со желатин во една чаша. Јас користев обична стаклена чаша за вода од 250 мл.

Чекор 3: Додади сосема малку сол во чашата заедно со желатинот

Чекор 4: Наполни три четвртини од чашата со зовриената вода

Чекор 5: Дополни ја останатата третина од чашата со гелот за туширање

Чекор 6: Промешај убаво

Чекор 7: Наполни ги силиконските модли со смесата и стави ги во фрижидер за да се изладат сапунчињата

Хинт: Ако гелот за туширање е бел или проѕирен, додади боја за колачи во боја по избор. Неколку капки се доволни. Или додај светки како во видеото 🙂

 

  1. Новогодишна шолја за кафе или чај
3

Што ќе ти треба?

  • Обична бела шолја за кафе или чај
  • Лак за нокти во боја по избор
  • Пластична кутија
  • Вода

Што треба да направиш:

Чекор 1: Наполни го пластичниот сад со вода на собна температура. Гледај садот да биде некој што не ти треба и што ќе можеш да го фрлиш после „проектов“ 🙂 Исто е важно да е поголем од шолјата што ја одбра.

Чекор 2: Капни неколку капки од лакот за нокти што си го одбра. Можеш и да ги измешаш боите. Јас одбрав црвена и зелена затоа што нели…Нова година.

Чекор 3: Брцни ја шолјата во водата со лак за нокти и брзински извлечи ја надвор.

Чекор 4: Трпеливо почекај да се исуши бојата. Трпеливо! 🙂

Чекор 5: Наполни ја шолјата со новогодишни чоколатца и стави и машна.

  1. Рачно изработени честитки

Што ќе ти треба?

  • Еден голем хамер
  • Боички по избор
  • Пенкала во боја
  • Имагинација

Постапка:

Е тука немам многу што да ти помагам, оставам на твојата креативност. Јас си најдов на Pinterest некои честитки кои ми се допаднаа, па решив малку да ги адаптирам и да си направам слични. Еве слика за инспирација, само немојте сите исти да направиме 🙂

4-14-2 4-3

 

 

 

 

 

 

 

 

  1. Рачно изработени лампиони
5

 

Овде материјалите зависат од тоа кој тип на лампион ќе си го одбереш, ама можеш на пример да купиш обични стаклени или пластични, проѕирни лампиони и да ги наполниш со светки, со бонбони, со се што ќе посакаш. Ако има некој малку (под малку, подразбирам МНОГУ 🙂 ) повешт од мене, можеш да си одбереш некоја од идеиве тука.

 

 

  1. Пакетче
6

 

Никогаш ненадминато, генијално и мега кул! Трк до продавница, изнакупи чоколади и бонбони, благо и уште малку благо и уште мноооогу благо и направи пакетче за големи-мали деца 🙂 Се уште не сум сретнала некој што не се радува на пакетчиња, без разлика на возраста.

 

Епа дечки, мислам дека е доволно! Ако се решите да позајмите некоја идеа, чекам слики 🙂

Симона

Дирекција за трансакциско банкарство

Откривам мудри, инспиративни и напредни трендови, давам свое критично мислење и не се разубедувам лесно!

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар