Објавено на од во категоријата i-Bank, m-banking, TOPSI, мобилни апликации.

Тагови:

6a00e54ecc070b883301b8d262bec4970c-800wi

 

Луѓе, некако сѐ се случува и менува многу брзо, нели? Како во модата, музиката, образованието, па така и во банкарскиот свет, промените се секојдневни, доаѓаат од неочекувани страни, ги има многу, а и не е секогаш лесно да се препознае кој е вистинскиот тренд (и дали има таков, воопшто), кој ќе се задржи и во следниот период.

Во светот на банкарството, а трансакциите и кредитирањето се примарни функции на банките, промените и новите технологии сѐ почесто доаѓаат и од новите играчи, односно FinTech компании, кои ги предизвикуваат банките да станат поинвентивни и ефикасни, подостапни и по user friendly.

Иако е тешко да се каже со голема сигурност кој е следниот светски тренд во финансиите и во банкарството, а технологијата од вчера веќе денес е застарена, едно е сигурно, очекувајте сѐ поголема дигитализација, пред сѐ, предводена  од мобилните уреди, а помогната со вештачка интелигенција и трансформација на услугите во целосно персонализирана понуда, која ја добивате преку дигиталните филијали без вработени или, пак, на Facebook Messenger.

 

Еден од главните трендови се однесува на начинот на кој плаќате и ги користите кредитните и дебитните картички. Секако, главна промена е тоа што картичките ќе бидат целосно интегрирани во паметните телефони. Уредите што имаат NFC чипови веќе можат да се користат на сите бесконтактни ПОС-терминали, а плаќањата се брзи и безбедни. Оваа технологија веќе постои, се користи во повеќе држави во светот, а со тоа наскоро ќе биде достапна и кај нас.

Но, ова и не е некоја новост. Тоа што е, навистина, интересно е како ваквите иновации, како и многуте што доаѓаат секој ден, целосно ќе ја сменат вашата комуникација со финансиските институции, начинот на кој ги користите услугите, а со тоа да ви заштедат време и пари.

Ова видео, кое го споделувам со вас, а е од далечната 2015 година навестува какво e, но и какво ќе биде вашето искуство со банките во многу блиската иднина.

Следното видео, пак, ви претставува уште поголема интеграција меѓу вашето секојдневие, вашиот бизнис, задоволствата што сакате да си ги дозволите, а сето тоа од перспектива како вашата банка ќе ви овозможи, со помош на паметни уреди и AI (Artificial Intelligence) одлично искуство, без многу труд.

Овие, но и многу други иновации, наменети да ви го направат животот полесен и побрз , ве очекуваат во не толку далечната иднина.

А во меѓу време, бидете #ТОПСИ и кажете ни што е тоа што сакате да го видите во вашата банка за млади?

 

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар