Објавено на од во категоријата TOPSI, Едукација.

Тагови:

1

Да, вљубеници во tech индустрија, има и помеѓу нас банкарите по некој geek, IT freak и како ли веќе не не нарекуваат.

Затоа, сакам да ви пишувам денес за фактот што конечно пријателите од Dell се решија да ја посетат Македонија и да не вклучат во нивниот еднодневен форум кој се одржува на глобално ниво и е организиран насекаде низ светот од DELL EMC.

Досега овој тип на еднодневен форум, чиј организатор е компјутерскиот бренд DELL не бил одржан во рамките на нашата земја. Официјално за прв пат годинава и нашата Македонија беше вклучена како дел од овој настан, додека на глобално ниво организација нa DELL се одржа дури во 70 земји.

2

Овојпат на 03.10 од DELL ни ги претставија најновите технолошки пронајдоци и креативни иновации на компанијата, како и новите клауд системи, платформи и технологии на ИКТ индустријата. Се ова звучи како SciFi ама за некоја година ќе биде и тоа каква реалност насекаде во светот па сметам дека е ОК да сме во тек.

Форумот имаше едукативен но и информативен карактер, каде business networking-от помеѓу професионалците од сите сфери (дигиталната, финансиската, фармацевската и многу други бизнис сегменти) беше овозможен, а воедно беа посочени и трендовите кои треба да ги следиме и примениме, како и динамиката на информатиката и најновите солуции и сознанија од ИКТ индустријата.

На презенатицијата вљубениците во напредната технологија и компјутери имаа можност први да ја искусат и доживеат најновата технологија од блиску, преку пристап до најсовремените модели на компјутери, најава за нови конфигурации и иновации во компјутерскиот сегмент и можност за вмрежување на своите клиенти и партнери во функција на модернизирање на бизнисот и работењето.

3

 

Тоа што како Dell technology enthusiast ме радува што кога овие производи ќе бидат достапни во продажните салони на низ Македонија, меѓу нив ќе има и неколку во кои ние како Банка обезбедуваме ТОПСИ попуст.

Инфо: Еве на пример, во АМЦ и Сетек имате 10% попуст на целиот асортиман кој ви следува доколку поседувате ТОПСИ картичка за млади!

Ви треба потсетување што е ТОПСИ картичка?

Сите млади до 28 години кои сакаат да добијат попуст насекаде низ Македонија вклучително и во АМЦ и СЕТЕК, дали станува збор за компјутерска опрема, телефони, power bank, мотори, парфеми, кафе барови, отики или пак нешто слично, слободно може да наминат во било која филијала на Стопанска банка АД – Скопје за да им отвориме ТОПСИ пакет.

Нема многу да ви одземам внимание само на кратко два три збора што ви следува со овој ТОПСИ Пакет:

  • Трансакциска сметка – без трошоци за одржување
  • MasterCard ТОПСИ картичка – со бесплатна ISIC картичка
  • 24/7 online i-bank пристап
  • TOPSI Pay
  • TOPSI попусти
  • до 31.12 за сите нови и постојни ТОПСИ студенти, подарок бесплатна ISIC студентска картичка

Со овој пакет покрај поволностите кои младите ќе ги добијат во Стопанска Банка, воедно ќе добијат и многу други поволности кај голем број на трговци со кои имаме склучено договор.

Топси, нели?

13495079_1023303634374215_9005267628944426641_n

 

Извор на текстот за DELL: http://www.biznisvesti.mk/digitalnata-transformatsija-stanuva-realnost-blagodarenie-na-dell/

Маргарита

Маргарита

i-bank store

Комуникативна, весела оптимистички насторена. Обожава alternative solutions и приказни кои инспирираат 🙂
Маргарита

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар