Објавено на од во категоријата TOPSI.

Тагови:

1043_1

Hello hello!

Првиот блог пост на #ТОПСИ ќе го посветам токму на нас, блогерите и оние кои редовно не читаат и следат. Како поранешен блогер (со свој блог), буден следач на повеќето македонски и странски блогови, станувам дел од едно мало, но моќно блогерско банкарско #ТОПСИ семејство.

 

simona

 

Нема појако од тоа кога знаеш дека има доволно креативци (ја имам среќата да сме колеги) кои секојдневно творат на различи теми и креативноста ја пренесуваат во своето онлајн катче.
Доколку сакате да станете super cool (и притоа скромни) блогери како нас, Иво веќе ви посочи некои tips & tricks за тоа како до блог со топ содржина, а јас ќе пишувам малку повеќе за тоа кои македонски блогови треба да ги следите.

  • 1. http://monikapotter.mk/
    Девојка, другарка, кралица на Инстаграм! Од скоро и со свој блог (yeeey). Сигурно веќе ја следите и наоѓате инспирација каде да одите за афтерворк пиво со колеги, дружба со пријателите или пак доручек после добро помината вечер во диско. It’s a must!

 

  • 2. http://skopjecasual.mk/
    Зад СкопјеКежуал стојат три урбани девојки – Ива, Калина и Сандра кои го претставуваат Скопскиот street style и кежуал не-униформираноста во светот. Организатори на најдобрите кежуал тематски блог родендени и пример дека не мора секојдневно да носиш штикли и тесни сукњи за да изгледаш супер.
  • 3. http://rosee96.blogspot.mk/
    После мода следи уште мода и make up. За да бидам во тек со сите новости за шминка ја следам Азизе. Покрај блогот со одлични фотографии има и свој Youtube канал каде преку туторијали може да се нашминкате и сите да ви кажат #ТОПСИ!
  • 4. http://gotvimesofico.mk/
    Место за сите гурмани и љубители на најразлични вкусови. Ќе најдете идеи за готвење на салати, убав ручек или десерти и во следната прилика ќе може да се пофалите во друштво со некој добар рецепт.
  • 5. http://dezen.mk/
    Прв македонски блог за фриленсери. Ќе уживаат сите оние кои сакаат графички и веб дизајн, кул фонтови и новости од ИТ светот или доколку сте блогер бруцош.

 

Кои блогови ги следите вие? Пишете ни да знаеме, може некои сме пропуштиле да ги читнеме.
P.S. stay tuned, се читаме наскоро 🙂

Симона

Симона

Дирекција за административни работи од областа на човечки ресурси

Збор, два, три
Насмеан креативец, фриленсер и fashion addict.
Симона

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар