Објавено на од во категоријата Без категорија.

Тагови:

cv-soft-skills_0

Дечки, бидејќи сега знаете да препознаете што фирмите бараат при вработување, а и размисливте кои се вашите способности и знаења, ај сега да видиме како да ги ставиме во фино CV, со цел да се зголемат шансите токму вас да ве викнат на интервју. Поточно, ќе напишам неколку работи што треба да ги избегнувате во вашето CV, бидејќи тоа е вашиот прв контакт при вработувањето и важно е да оставите добар впечаток. Лошо, непрегледно, натрупано CV може да значи да не ве викнат на интервју, иако имате супер образование, вештини и искуство.

Да почнеме со ред. Знаете дека CV треба да содржи информации за вас, вашето образование и квалификации, вештини, интереси и достигнувања. Истото треба да биде срдено читко и јасно, а како формат имате многу опции онлине кои можат да се користат. Кога веќе знаеме што треба да вклучиме во CV, ова се неколку работи на кои треба да се внимава, а се чести грешки, кои не смеете да си ги дозволите:

-Избегнувајте универзално CV! ОК, може да си направите едно универзално, кое постојано ќе го надополнувате и оддржувате, но тоа никогаш не го праќајте. Секој работодавец, и секој оглас за вработување, е за различна позиција и компанија, па со тоа вашето CV треба да биде прилагодено. Насочување на битните работи ќе придонесе да биде кратко и корисно за оној што ќе го гледа, а со тоа и да го задржи интересот.

0c8f4758d080e53435ff7b16768ae038

-Нерелевантни искуства! Особено ако не е нешто за што имате доказ. Најдобар во “тројки” во маало или најдобар келнер е нешто што тешко би го докажале, а и ако не е огласот за келнер или кошаркарски тренер, тогаш е небитно.

-Непрофесионален e-mail, слики од фирми и логоа, нестандарден фонт! Треба нешто да додадам или јасно е? CV-то треба да е професионално и нема потреба од логоа и сликички бидејќи имињата на факултетот или предходните компании каде што сте работеле се напишани. А е-mail како gazdaivo007SK@hotmail.com е несериозно и смешно. Исто така, држете се до црно/бело CV, не се потребни шаренила.

-Печатни и граматички грешки! Јасно е зошто не треба да ги има, а најлесно ќе ги избегнете ако некој ви го провери и порчита детално вашето CV пред да го пратите. (Сигурно и во текстов имам неколку) 🙂

-Премалку или премногу детали! Дечки, повеќе детали за моменталното работно место, или последниот степен на завршено образование, а помалку, односно воопшто, за предметите кои сте ги учеле во основно! Едноставно е, поново – повеќе, а постаро искуство – помалку детали. Ова всушност ме води кон следната точка…

-Премногу страни! Веќе напоменав дека CV-то треба да е концизно и кратко и да соддржи релевантни информации. Ваше е да оцените кои се релевантните информации и да бидете внимателни. Секако, ако вашето CV ги содржи сите искуства како волонтер, член на куќен совет, колку пати сте биле претсетадел или сектретар од прво до петто одделение, и го направите 10 страни, а сте млади и без искуство, најверојатно никој и нема да го погледне!

-Доверливи податоци и плата! Во вашето CV, а и на интервјуата кои ќе следат, не пишувајте и разговарајте за доверливи проекти, нешто што се уште не е јавно и е во тек, како и платите на вашите колеги, професори, па и колку сте заработиле на work and travel. Не е потребно никому како информација, а лесно може да се злоупотреби.

shh

-Лаги и неточни информации! Ни под разно! Податоците најчесто лесно се проверуваат, а за повеќето ќе ви побараат и писмен доказ. Ако имате уште малку до дипломирање, не значи дека сте дипломирале! Исто така, не лажете за вашите интереси и хоби, искусните работодавци ќе ви постават прашања и лесно ќе забележат дека тоа што сте го напишале не е точно и е ставено само за да изгледа добро. Ако ваш интерес е читање наведете каква литература, а сликање селфи за на инстаграм не е интерес во фотографија и уметност! Лагата на CV е со најголеми последици од сите грешки кои ги напоменав, а неточните информации се откриваат некогаш и по вработувањето, и тоа може да биде кобно за вашата кариера.

За крај на овој пост, мал совет, од искуство 🙂 Сум направил добар дел од овие грешки во моите CV-ја до потенцијалните работодавци, како универзално CV и нерелеватно искуство и образование. Не брзајте, нека ве проверат, и бидете сигурни во тоа што сте го пратиле. На тој начин ќе бидете по сигурни и на првото интервју и ќе си ги зголемите шансите за вработување во компанијата која ви се допаѓа!

Бидете тука на topsi.mk, барајте си по некоја зделка, и прочитајте во следните постови нешто повеќе за следниот чекор – интервју. АЈ Ч 🙂

 

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар