Објавено на од во категоријата вработување, Едукација, Студирање.

Millennials-stock-image-e1479316113621

Хелоу #ТОПСИ #ТОПСИ!

(Можам и на германски ама само гутен таг) 😀

1meme

Или, тупси тупси е можеби подобро?

Здраво и од мене #ТОПСИ-ПОВЦИ!

Ви пишува Ива, многу зборлеста личност која што не знае за што попрво да почне да ви прави муабет 🙂 Истата Ива што ја слушавте на радио и иии уста не затвараше па емисијата премина во „Беседите до бесвест со Ива“.

Супер сум, благодарам на прашање, се надевам и вие сте одлични.

Бидејќи ова ми е прв ТОПСИ Блог тука сум на кратко да дадам некој увод и да бегам, пошто гужви на работа знаетете како е 🙂

…дечки, си мислам колку само нашата генерација е убедливо најдобра генерација. Ова не сакам да звучи дека веќе старееме па стануваме како повозрасните кога ќе речат „Еееее во наше време имаше вистински дружби, вие ништо не правите со тоа телефоните“, но навистина нашата генерација има нешто што ја прави посебно интересна.

На пример, ние сме пола вработени, повеќето невработени.

Вработените #ТОПСИ  младичи и девојчичи се соочени со реалноста дека веќе не сме на факултет и дека далеку посериозни обврски стојат пред нас, секој ден и сме лично и тимски одговорни за нашиот перформанс. Ама некако тешно ни оди пораснувањето, нели? Да, знам супер е да си секогаш дете, ама па….со тоа што сме возрасни и одговорни и имаме плата и користиме i-bank услуги можеме комотно да си уплатиме за скијање уште отсега, no questions asked.

 

Посебен пак ендемски вид кој што ја одбележува нашата #ТОПСИ генерација се сите оние што ееептенски многу сакаат да не најдат работа, зошто знаете како е кај нас….огласот за работа вели вака: „ Бараме млад и енергичен одговорен човек, може да работи под притисок, дипломиран на департман финансиски менаџмент (уште 500  критериуми кои мора да се исполнети) и има минимум 5 години работно искуство од областа на финансиите“…а ти реално си учел, си се трудел ептенски најмногу, имаш завршено со одличен просек ама немаш пракса па вртиш страница и се префрлаш на следен оглас. И така во круг. Ама некако кругот многу долго трае, нели? За пракса, бар во Стопанска банка има постојано можност. По еден месец сите 4 години и ќе излезеш со колку толку подготвен mindset.

the-internship-izle-turkce-dublaj-izle

Сите сакаме да си заработуваме, да капне по некое свое париче во џеб и да станеме независни од семејството. Мерак ни е да си купиме нешто од свои пари, да организираме викенд со друштво на планина, можеби и да си ги дозволиме чевлите што ги гледавме на излог долго време. За сите оние што уште студираат, супер можност за шетање и работа е „Work and travel“ програмата која навистина овозможува да се види нешто сосема поинакво, да се стекне ново искуство, нови култури сл. Со „Work and travel“ ем си работиш, ем си шеткаш. Сите што се вратија саааамо се фалат колку овие 3 месеци може да те подготват за работа понатаму и  вреди да се оди бидејќи еднаш ни се најубавите студентски денови на располагање да ја зграбиме секоја шанса и поволност што ја имаме како #ТОПСИ генерација.

Искуството е тоа што вреди. Си заработуваш пари за себе и плус шеташ.

Во Америка си бил, не на викенд во Охрид.

Цело лето си работиш една или две работи за на крајот од летото да си дозволиш да ја прошеташ цееела Америка од најсеверната до најјужната точка. И нормално кога се враќаат во Македонија има гламурозни пречеци со „Проклета је Амеркаааааа“ уште од аеродром за да си се осетиш дека веќе си домче.

Ова со пеењето ме потсети, па дали вие ги знаете ТОПСИ младите „ШТО НЕ СЛУШААТ СРПСКО“?

Јас уште немам запознаено некој таков. И тоа ми е тооолку пренаијнтересено на свет. Поминуваат предавања, завршуваат први колоквиуми и нели, стандард следува собиранка со друштво од смер каде што металци, рокери, фенсери дигаат раце во воздух на „ОМАКЛООО МИ СЕЕЕЕЕ“ итн.

 

tumblr_inline_p2fr9cYXm41qg6fym_540

 

Е ТОПСИ, ТОПСИ. Уште колку имам само да споделувам за тоа колку сме закон генерација 🙂

Ќе ми простите што ви скокам од тема на тема, сакам се да ви кажам како на пример да не заборавите дека да се биде #ТОПСИ вреди. Така, нема потреба да се секирате кој како ќе плаќа кога ќе ја донесат сметката во кафана, зошто со TOPSI Pay сервисот имате можност да си ја платите сметката и тоа секој својот дел. Па нема да имате ситуации, „Еј ај плати за мене па ќе ти дадам после“ или  „немам ситно“ фори. Та нели сме сите другари, и тоа ТОПСИ другари 🙂

Клик, два, три и #ТОПСИ пијачката е испиена во одлично друштво!

Cheers ТОПСИ 🙂

Се читаме!

Ива

Ива

Се трудам да го насмеам човек додека сеуште има заби. Многу зборувам, но некако ако организирам турнир во надминување на дневната доза на зборување и пиење кафе, сепак кафето ќе победи.
Се читаме, Ива 😊
Ива

Последни постови од Ива (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар