Објавено на од во категоријата m-banking, TOPSI, мобилни апликации.

Тагови:

19466558_1383337375037504_811824249337857008_o

ШТО ИМА НОВО?

Луѓе, одамна не сме се читнале, нели? Епа здраво од мене, пак  🙂

По мала пауза во пишувањето, огромна чест ми е што во овој блог ќе ви претставам еден нов сервис, кој веќе го направивме достапен на нашата  апликација за м-банкарство. Сервисот го најавивме на забавата ТОПСИ по повод нашиот прв роденден, и само неколку дена подоцна стана достапен за корисниците на Android и на iOS паметни телефони.

Со TOPSI Pay може да се вршат меѓусебни плаќања со контактите од именикот на телефонот или со пријателите на „Фејсбук“ без да ја знаете сметката на примачот и без да пополнувате цел налог. ТОП нели?

TOPSI Pay е достапен e 24/7, за сите клиенти на Банката, односно за сите вас што имате пристап до и-банкарство и ОТП Токен за плаќања. Вие веќе имате, нели?

TOPSI Pay ги користи контактите во вашиот паметен телефон и доколку некој од нив го има активирано овој сервис, ќе можете на многу едноставен начин да си префрлувате пари, да делите сметки и да испраќате барања еден на друг. Сакате да го зголемите кругот на пријатели на TOPSI Pay? Можете да ги искористите и вашите пријатели на „Фејсбук“ и бидете големо ТОПСИ друштво, каде што секогаш ќе важи едно златно правило – чиста сметка, долга љубов! 🙂

За да не должам многу, а и да ве оставам самите да истражувате во можностите на TOPSI Pay, само накратко ќе ги споменам основните функции на овој сервис:

Пријатели

Опцијата „Пријатели“ овозможува приказ на контактите од телефонскиот именик или пријатели на „фејсбук“, кои се клиенти на Стопанска банка и се регистрирани за користење на услугата TOPSI Pay. Со избор на пријател, може да се испрати барање за плаќање, да се плати на контактот или увид во историјата на трансфери меѓу вас и одбраниот контакт.

Подели сметка

Опцијата „Подели сметка“ ви овозможува нешто што веќе сте го платиле (плаќаме со новата MasterCard ТОПСИ дебитна картичка, така?), на пример, платена сметка за вечера или кино, да ја поделите со пријателите. Сервисот ќе го подели вкупниот износ на сметката по што брзо и едноставно може да се испрати барање за плаќања до повеќе пријатели или може да се внесе износ кај секој пријател одделно за добивање на вкупниот износ.

Барања

Опцијата „Барања“ овозможува преглед на сите барања за плаќања што сте ги пратиле или примиле од вашите TOPSI Pay пријатели. Едноставно, ќе видите кој ви должи или кому му должите за бургерите од вчера.

Историја

„Историја“ овозможува преглед на сите успешни плаќања реализирани кон вашите пријатели, како и на сите примени плаќања кон вас, преку TOPSI Pay сервисот. Со клик на секоја од трансакциите прикажани во „Историја“ се добива детален преглед на сите информации за плаќањето.

Епа екипо, на кратко, ова е TOPSI Pay, лесно, корисно, и брзо. Ви се допаѓа?

Токенчето на приврзок и секогаш сте подготвени за TOPSI Pay!

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар