
Како прв гостин во TOPSI блогот ја поканивме ведрата и непресушна на зборови, наша Виола. Таа со овој пост и се обраќа ретроспективно на Виола кога била во ТОПСИ годините (не толку одамна де :)) Темата е career advice и reality checks кои се потребни од време на време. Постот посебно им го посветува на сегашните ТОПСИ вработени во Стопанска банка, каква што била впрочем и самата пред хх години 🙂
A ако сакате уште нешто да прочитате oд Виола, побарајте ја на www.themindsjournal.com Ние се надеваме ќе ни гостува и другпат на блогот 🙂

Третиот кат во Стопанска банка ми е судбина!
Кога ќе размислам подобро, истиот го трчам повеќе од 10 години. Сигурно ми е станат составен дел од ДНК. Можам, исто како Сандра Булок во новиот актуелен филм, со врзани очи да го истрчам целиот – од Дилингот до Кабинет. Од двата сум била дел. Од едната и од другата страна на медалот.
Во одредени периоди ќе ме тргнеле од третиот кат. Ама, спратот не ме дава. Триста чуда ќе се случат за јас пак да се најдам тука. Судбина ми е, значи, овој кат во Стопанска. 🙂
Бев во ТОПСИ години кога дојдов во СБ. Тогаш ДЕВИЗНО беше од другата страна на мостот. Чаршијата ни беше шетана уздуш и попреку. ГТЦ – исто така. Работевме во сам епицентар на градот. Од двете страни на Камени – СБ. Јаки бевме. Отсекогаш сме биле. Столб на банкарскиот сектор. Како млади многу нé пуштаа по семинари, трибини…. ќе станеме дел од ЕУ, предавања…
Чувствувавме надвор што значи да си дел од Стопанска. Како некаква невидлива сила да стои зад тебе кога се појавуваш таму каде што те пуштила твојата банка. Институцијата која ја претставуваш не е играчка. Тоа е симбол на банкарскиот систем во Македонија. Оттаму, некое внатрешно чувство те тера да се однесуваш во согласност со тој мит, па од тебе се очекува да не си ништо помалку од извонреден. И тоа оди едно со друго, и тоа е чувство кое преплавува.

Со вакво чувство се оди per aspera ad astra. Се цели во месечината и се погодува! Дострелот е одличен кога си на врвот од светот.
Вакво беше чувството во Дилингот на СБ на почетокот на новиот милениум.
Млада бев, тотал ТОПСИ. Нов Дилинг. Најголем во земјата. Најопремен. ГТЦ, трети спрат. Се тресеше цел кат кога чекорев по него. Го трчав од Дилинг до Кабинет. Едноставно, лесно, како тука да сум родена. Мој беше. На дилерот, кој заедно со другите дилери во СБ го мрдна пазарот во земјава. Најликвидната банка, првата банка во земјава и најпрогресивните млади, жедни за постигнувања! ТОПСИ квалитет од глава до петици! И никој не смееше да помисли нашите клиенти да ги чепне! И никој не се посомневал во нашиот квалитет, ниту во нашите познавања од пазарот. Бевме и останавме силни, неверојатно лојални, пожртвувани и љубопитни. Како поинаку ќе бидеме на врвот од банкарскиот свет во земјава. Ние, другарчињата од дилинг штабот, целиот наш генералштаб (менаџментот), па празно место, па дури потоа целиот друг банкарски свет. Нас ни се јавувале другите банки за совет. Ние сме биле тие кои го движеле банкарското работење во земјава напред! Секогаш за доброто на сите, секогаш спремни за соработка со другите!
Зад нас и понатаму стои целиот наш Генералштаб од Директори во support, а само на тој начин целите стануваат достижни: only the sky is the limit! Дозволуваат новини, дозволуваат иновации, дозволуваат младост, идеи и прогрес! И тоа е тоа што го одржува квалитетот на највисоко можно ниво! И тогаш и сега!
Но, да се вратам на темата, кога си млад и јак забораваш едно нешто: дека младоста е малку слепа. Од премногу издигнување и самодоверба нема да успее да ги види препреките видливи за мудрото око – и тука може да се прекршиш на пола.
Младоста со себе си носи премногу самодоверба. И ако имаш среќа да дојдеш во топ фирма, од каде, поради местоположбата на фирмата во општеството, успехот ти е на дофат на дланка, и шансите ти се нижат неминовно…. па Банкава е огромна, чудовишна, античка, ќе ти овозможи затоа што овозможува на своите…ете тогаш не заборавај да играш ПО-ЛЕ-КА и МУДРО. Не скокај. При големи одлуки застани. Кога не си 100% сигурен – стоп!
Кочи! Дигни рачна кочница!
За Виола на ТОПСИ години се чинеше нема време за застанување. Баш сега морам, баш сега сакам и ќе го направам, ќе успеам! Ама реално, треба по-ле-ка!!! Амбицијата може и да наштети на кариерата ако е непромислена. Мудро само. ПО-ЛЕ-КА. Побарај совет. Секогаш кога заглавуваш во дијалог со себе, побарај совет. Побарај мудрост од постарите. Не е страшно, не боли а може глава да ти спаси.
Само тоа се карам себеси од оваа дистанца. Сум требала да играм помудро, или ако веќе не знам како се прави тоа – веднаш да сум побарала совет од постарите…..особено од оние кои и своевремено биле ептен ТОПСИ……а тие си се препознаваат……. има одредени работи кои се слични по квалитет, па си се привлекуваат………нели? Отсекогаш имало ТОПСИ ликови во сите професии. Пронајди ги околу себе! Сите тие биле млади, прогресивни ликови, ќе се сетат, сигурно, за тоа како се цели во месечината и се погодува ако си на вистинското место! А вие колеги, не заборавајте на вистинското место сте, дечки!
Само со здружени сили од младост и мудрост, целите се постигнуваат!
Денес ќе го трчам пак третиот спрат на СБ од средината, in medias res, од кај Костова… ја сакам, одвај чекам да ја видам… ќе нé раскости, прва недела после одмор, низок ѓон:
Нема лабаво!
(во некој чуден склоп на околности јас сум најмладата “вработена” во дирекцијата… во уши ми ѕвони гласот на мојата топси Сениоркa како ме потсетува на тој навистина чудеснo чудесен факт)

Стопанска Банка
Последни постови од Стопанска Банка (види ги сите)
- Патувања – Уживања - 18/03/2019
- Третиот кат во Стопанска банка - 09/01/2019
- CyberMonday @i-bank store ПРИЈАВИ СЕ ТУКА! - 20/11/2018
Напиши коментар
Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.