Објавено на од во категоријата Ai.

prepare-future-sales-artificial-intelligence

Ме нема, ме нема па ќе се појавам со некој clickbait наслов 🙂 Да, да дечки, вештачкава интелигенција само што не почнала да оди, уствари веќе и го прави тоа па дури и самостојно отвора врати. Уверете се подолу на видеото

Ако 4та по ред индустриска револуција е Дигиталната (компјутер, интернет, мобилен) тогаш Вештачката Интелигенција би била 5та по ред индустриска револуција која би придонела поголем развој во светот, а да се надеваме дека нема да биде и последна 🙂

the-4-industrial-revolutions

Светот веќе се движи со огромна брзина во однос на иновации, се развиваат нови технологии #blockchain, #neurotechnology, #mashinelearning a на секој чекор се основаат high tech стартап компании, програмери (механичари на новото време) кои се обидуваат да станат следниот Џобс или Гејтс.

Мобилните телефони се развиени до степен “стискаш дугме, џак на леџа” или во превод, се се решава со еден допир на екранот.

Бизнис моделите на компаниите веќе се адаптираат на дигиталните промени и вложуваат се повеќе во дигитализација и автоматизација на процесите, се размислува долгорочно на компјутер а помалку на човечки фактор.

Тесла и Убер веќе имаат модели на автономни возила (седиш и сами те возат)… и тука веќе започнуваат “проблемите”.

Откако спласна еуфоријата за дигитализацијата и веќе сите компании и луѓе се дигитално писмени и се онлајн присутни, се посочува прстот кон вештачката интелигенција. Дојде време човекот комплетно да се одвои од процесот на работење и да го стави “мозокот на пасење” бидејќи нели, машината е таа што ќе мисли за него. WRONG!

По некое онлајн истражување околу вештачката интелигенција налетав на некои научно истражувачки компании (DeepMind/Google, Boston Dynamics…) Кои вложуваат огромни суми на пари за развој вештачка интелигенција или по ново deep learning и роботика.

Еден од примерите е и Deep Mind на Google. Deep mind – To make the world a better place J се занимава со neuro-technology или во превод работат на дигитален мозок и до некаде успеале. Креатори се на проектот Alpha Go каде што прават компјутерски програм кој се натпреварува со најдобрите играчи во “Go” и ги победува и погодете што?! Станува непобедлив, за првпат во човековата историја компјутер 1 човек 0. Fascinating! Е сега, замислете кога компјутерот би прогласил непослушност…

Накратко и за Boston Dynamics, компанија која работи на хуманоидни роботи и пресликување на човечките движења на робот.

Theese two, perfect couple.

slika 2

HUMANS! 🙂

Нејсе, да не се трошам на зборови дојдов само да ви кажам колку е messed up работава со целава вештачка интелигенција. Сите кои работат на неа се со кауза за greater good но и подморниците не беа правени за оружје, ни авионите…

Има супер документарец “Дали му веруваш на твојот компјутер” на кој зборуваат професори од MIT, Основачи на IT компании, Елон Маск и други. Погледнете го тука:

 

 

Момци и девојки, God Speed у наредните 5 години.

DafgTCVXcAAmq8h

 

Data, out.

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар