Објавено на од во категоријата TOPSI, Општествена одговорност, Социјални медиуми.

VPVZ4

Здраво на сите!

Во овој блог пост, сеуште под импресии, сакам да ви пишувам за еден од моите најомилени настани организирани од страна на Стопанска Банка, а тоа е Вози Право Вози Здраво!

 

Старт на ВПВЗ4

Старт на ВПВЗ4, 03.06.2018

 

За сите оние кои сеуште не знаат за овој настан и не биле дел од него – срам да ви е, не знаете што пропуштате! 🙂

“Вози право, вози здраво“ е настан кој Банката го организира по четврт пат, и благодарение на него, низ улици ослободени од моторни возила слободно возиме велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли или било какво друго алтернативно превозно средство се со цел подигнување на свеста за почист и поздрав град, намалување на сообраќајниот метеж, помагање во заштитата на животната средина како и во донација на урбана вело опрема.

 

Нашата #bikerepairstation на дело 😊 #НаТочак

A post shared by Стопанска банка (@stopanskabanka) on

Со оглед на тоа дека овој настан преминува во традиција бевме пријатно изненадени од големиот одзив на  учесниците на овој четврт настан со кој може да се пофалиме дека ја премина бројката од 5000 пријавени учесници!

Па БРАВО! Горди сме на сите вас, што придонесовте со вашето присуство за подигање на свеста кај сите без разлика на возраст и статус!

Како и секоја така и оваа година Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства и тоа, ќе го обнови и дополни веќе познатиот СТБ Детски велодром а заедно со Град Скопје се договара и нов малку понапреден Велодром за оние поголемите велосипедисти 🙂

 

Најинтересниот дел за мене секогаш е лотаријата на која оваа година беа доделени: Specialized Велосипеди, GoPro камери, Fitbit алки, MICRO Тротинети, Скироли, Кациги со алат и пумпа и Ранци. А да не зборувам и за над 10.000 репрезентативни подароци: ВПВЗ ѕвончиња, алки и стикери.

 

Тоа што посебно ме радува е што секоја година повеќе партнерски компании се придружуваат на настанот и помагаат во неговата успешна реализација. Па така имавме сокови и пива од Пивара Скопје, Горска вода од Кодинг, сладоледи од Фриком, грицки од Мак Прогрес и тн. Сите видовме бар по нешто од Buskerfest Скопје кои беа на сите 4 страни на тревникот во Градскиот парк и на водителите и DJ-ите кои постојано споделуваа информирации за тоа што се случува пред, за време на трката, но и за време на забавата во градскиот парк. Па така на пример со нивна помош некоклу деца си ги најдоа родителите а неколку родители си ги најдоа децата J

 

Интересен факт е што овој настан е од идеа до реализација наш – на тимот на Банката. Ако успевате да забележите над 50 волонтери од Банката учествуваат дента во реализацијата на настанот од регистрација до лотарија. Ова ни е одлична прилика за дружење надвор од филијалите / канцелариите, за подобро запознавање со што го зацврстуваме и промовираме тимскиот дух.

Дел од СБ Волонтерите

Дел од СБ Волонтерите

 

И не застануваме тука, голем дел од нас доаѓа со велосипед на работа (имаме паркинзи пред сите филијали и во централата). А во дождливи или студени денови користиме јавен транспорт. Нашиот тим во овие 4 години доживеа трансформација во поглед на заштитата на животнста средина и сега сме #НаТочак скоро секој ден и не само за на работа туку и во слободните денови, #НаТочак на дружање.

Искрено се надевам дека настанот и достапната урбана опрема донирана од Банката како и сите оние активности како Критична маса го размрдаа Скопје и наскоро ќе бидеме на рангот на Аместардам и Копенхаген со доминантен вело сообраќај J Бидете дел од решението зошто не боли да се посакуваат вакви желби за својот роден град 😉 а кога работиш на остварување на овие желби ептен па не боли 😀

 

Еве за крај, како дополнителна инспирација ви ги оставам линковите од сите ВПВЗ 4 видеа

Вози право Вози здраво 4

Вози право Вози здраво 3

Вози право Вози здраво 2

Вози право Вози здраво 1

 

и фотографии полни со убави и насмеани лица 🙂

ВПВЗ 4

ВПВЗ 3

ВПВЗ 2

ВПВЗ 1

 

Маргарита

Маргарита

i-bank store

Комуникативна, весела оптимистички насторена. Обожава alternative solutions и приказни кои инспирираат 🙂
Маргарита

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар