Објавено на од во категоријата Општествена одговорност.

Тагови:

VPVZ3

Кој беше, знае. Кој не беше…нека види како изгледаше #ВозиПравоВозиЗдраво кое по трет пат во Скопје направи револуција (во двојна смисла) на тркала:

 

Слики – бујрум на нашата Facebook страница

Видео – бујрум на нашиот YouTube профил или еве го и овде:

Добитници на лотаријата: кај нас на веб страница

 

Како за трета организација на настанот се соочивме со огромен одзив, далеку поголем од претходните пати, што значи дека сме одбрале тема која не засега сите без разлика на возраст и статус. Сите од нас сакаат чист воздух, здрава животна средина и физичка спремност.

Токму затоа, не чекајте да дојде следното ВПВЗ за да се организирате и да отидете некаде заедно на точак, со тротинет, со скирол, со ролерки. Избирајте места каде ќе се дружите со вашите пријатели а каде можете да стигнете со овие cool превозни средства.

Бидете дел од решението!

За да го помогнеме ова урбано „движење“ како Банка, пред сите наши филијали поставивме велосипедски паркинзи во текот на последните неколку месеци. Дополнително, по консултација со Град Скопје и движењето #НаТочак донираме:

  • 105 паркинзи за велосипеди со урбан дизајн кои не узурпираат јавен простор а се практични и
  • за првпат во нашиот град 5 х станици за поправка на велосипеди

Значи, имаш проблем со велосипедот а знаеш како да го поправиш? Користи ја слободно, постави го велосипедот и користи ги алатките. Ем ќе научиш нешто, ем ќе се чувствуваш добро што сам си го поправил велосипедот (да не зборувам дека е прилика плус да се покажеш пред одреден некој(а) што многу сака да го вози велосипедот со тебе, но е расипан…па потоа да бркате заедно зајдисонца и што таму друго сакате да бркате 🙂 )

Image result for couple cycling

 

Приказната Вози право, вози здраво продолжува и понатаму. Паркинзите ќе бидат поставени на факултети, покрај кафулиња, места кај што се движат љубителите на живот на тркала и ќе придонесат кон развој на оваа (за нас нова) сообраќајна култура што е примарна во развиениот свет.

Од ВПВЗ vol.3 треба да произлезе нова донација на урбана опрема која ќе го промовира велосипедизмот, па сите ваши препораки се добредојдени (пишете ни на Facebook, Twitter, Instagram, web, email).

Ако покрај сето ова ви требаат уште причини за да го земете велосипедот и да излезете од автомобилите еве ви cool gadgets кои може да си ги купите online секако со нашите 3D Secure платежни картички:

 

До следно читање…ѕрн ѕрн

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар