Објавено на од во категоријата Без категорија.

Тагови:

slika-za-web

Дечки, арни? Еве и јас пред PC па си реков дека ќе бидам полабав пред нова година и ќе пишам некој пост плус минус со новогодишна еуфорија онака ко што доликува, без административни трошоци, без каматни стапки и без делење кредити наместо пакетчиња 🙂

Негоо, многу бе некако килаво ни тргна у #РЛ годинава… прв се одјави Боуви, а вчера и принцезава Леа, пред тој ден Џорџ Мајкл… Годинава, грим рипер. Искрено се надевам дека РИПувањава на #ТЛ до крајот на година ќе запрат тука и веднаш. До сите што заминаа годинава #MTFBWU и мирно небо, оставивте еден куп работи од кои помладава #ТОПСИ генерација може доста на научи и да се едуцира па и да создаде некој идол на кој ќе се огледа.

Ај да позборуваме сега за поубави работи на пример почнување нов почеток како што е вработувањето и да го споделам со вас моето искуство.

Стопанска банка ВРАБОТУВА! Колку ТОПСИ тоа звучи? А прати некој од вас CV или не сте го затекнале огласчето 🙂 Во моментов на Банката има отворен конкурс и потреба од редовно надополнување на базата на потенцијалните колеги, да да колеги 🙂 За повеќе тука. Вработувањето само по себе е голем чекор за себе како личност и само-надградување, нови искуства како професионални така и приватни, нови луѓе, нови пријателства :). Вработувањето во СБ (трето по ред работно искуство) ме промени комплетно како личност, а да сакав да ги бирам колегиве и работната средината немаше да ги одберам вакви, пред се професионални, а потоа другари. Моиве у канцеларија ми станаа второ семејство ме обучија, ме средија, ми удираа по некоја заушка кога ќе згрешам и видете сега шо убаво постови си пишувам hehe. Почнав од пракса, и после 2 години и 2 други работни искуства завршив тука. Пракса како пракса работиш некои работи кои не се толку суштински но доволно битни за да се осетиш дека работиш нешто, да се осетиш дека си дел од компанијата. Следиш информации, споделуваш со колегите се трудиш да останеш забележан и да увидат дека се интересираш и дека што и да ти дадат ќе го работиш како да ти е една од дневните работи. Не одбивав работи што ќе ми се дадат ги завршував на време бидејќи појдов со ставот дека ниедна работа не треба да се потцени па можеби и тоа ме држеше во живот и мотивиран цело време. И ете ме приметија, па по 2 години и по некои склоп на околности ми се даде шанса да работам во Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност, и така почна мојата професионална соработка со Банката. Муабетот ми беше, не се откажувајте лесно и не ги потценувајте работите кои ќе ви се дадат да ги завршите, во кариерата можеби тие ќе бидат пресудни за вашата иднина која треба да ве оформи најпрвин како личност, а потоа како професионалец во својата работа. Веќе 2 години и неколку месеци работам во Маркетинг и е прилично интересно, моја факултетска струка. Кампањи, социјални медиуми, осмислување на настани од концепти до реализација и еден тон логистика. Се случија Вози право, вози здравоСонуваме.Менуваме; #Дфестивал; #ОхридскоЛето, градинките… настани на кои работев интезивно и посветено и ми отворија многу врати за понатаму. Чувството да бидеш дел од организацијата која ќе придонесе и ќе зголеми свест на општеството е одлично и незаборавно.

Како беше она “Најдете работа што ќе сакате да ја работите и никогаш нема да работите во животот”, eпа тоа. 🙂

А сега доколку се чуствувате мотивирано и сакате супер атмосфера, професионално и другарски настроена #PLS пополнете го формуларчето погоре и ако ги исполнувате критериумите колегите од кадри ќе ве повикаат на информативен разговор, ич не боли 🙂 #СеПодмладуваме и #Вработуваме.

Ајде сега останете ми со здравје, идат празници никогаш не е касно за еден Star Wars филмски маратон, на тивко пуштена Careless Whisper и утринско кафе у кревет. Имајте убав почеток на 2017та година. Се читаме на #ТЛ од некое ново место и некој нов сектор… мене пак ме забележаа 🙂 Имајте убава ТОПСИ година. Многу XOXO, без ниту едно seen 🙂

 

  • RL – Real Life
  • TL – Timeline
  • OMG – Оумајгад 🙂
  • MTFBWU – May the force be with u (Нека силата биде со тебе)
  • XOXO – Бацки и гушки

 

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар