Објавено на од во категоријата shopping, Картички.

Тагови:

Pile of Credit Cards

Знаеме што следува периодов, многу украсени улици, елка на плоштадот, полни продавници, попусти на секој чекор, жижици и петарди и оп нова година на прагот. Сите го сакаме овој дел од годината, од проста причина што ни се одвраќа мислата од секојдневието.

 

%d0%b5%d0%bb%d0%ba%d0%b0

 

 

 

Секако, новогодишна еуфорија сама по себе предизвикува поголема желба да потрошиме денар плус. Ако сме во кусок, што не викам дека сите сме, ама за повеќето е така, е тогаш можеме да кажеме да на кредитната картичка.

Кредитната картичка не е страшна и не јаде ко што повеќето мислат, а за да ви докажам ќе ви откријам една топси страна на кредитните картички на Стопанска. Купување на рати без камата. Да, добро чувте. Вие ќе си ја плаќате ратата, а банката нема да ви пресметува камата.

Еве неколку опции како можете да ја искористите кредитната картичка за предновогодишните прослави

  • да си го купите на рати без камата вашиот омилен пар штикли, фустан, ташна и накит,
  • можете да си уплатите за аранжман за дочек на НГ во некои од светските метрополи исто така на рати без камата,
  • можете да ги изненадите вашите блиски со убав подарок или
  • да ја искористите за постновогодишно опоравување со викенд во Банско, Копаоник, Златибор … или пак Сент Мориц… 😉

Една опција или сите у пакет, се зависи од кредитниот лимит… 🙂

site-karticki

Да не биде оставено само на зборови, тука имате линк до сите трговци кои ви овозможуваат плаќањето да ви биде поедноставено и да го отплаќате на помали рати.  А голема е листата, има над 1500 продажни места, од козметички студиа, бутици, салони за мебел, белатехника, па се до рент а кар, осигурување, регистрација…

 

Процесот на купување е едноставен и забавен ( у случај да се ценкате за повеќе рати 😉 )

 

Чекор 1: Гледате знак 0%

Си викате мммм може да си ја употребам кредитната

Чекор 2: го прашувате трговецот на колку рати може да ви го даде производот/ услугата?

Ви кажува на 6 рати.

Си правите калкулации колку ќе ви дојде месечно…

Испаѓа смешна рата  mmm

Чекор 3: Да! Може да иде на рати.

Ја подавате кредитната и трговецот ја прави магијата, а ви дава едно ливче- слипче со бројот на рати како доказ.

Чекор 4: Секаде се фалите како сте си купиле на рати и ратата е помалку од тоа колку би потрошиле на едно искачање.

 

И ДА кредитната е супер за на рати. Ваше е како ќе ја користите. Мое е да ви дадам топси совет. И советот не мора да го користите само за Нова година и празниците, ќе можете паметно да си ја користите и во иднина и да знаете дека нема да зажалите затоа што вие ќе имате ќар од неа, а не обратно.

Till the next time.

Мјау

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар