Објавено на од во категоријата Едукација.

good-credit-score-road-sign

Одговорноста за плаќање на сопствените сметки уште од првиот момент кога ќе добиете кредитен производ е многу важна бидејќи во истиот момент почнувате да ја градите вашата кредитна историја. Дали ќе изградите добра или лоша кредитна историја зависи само од вас?!

Кога аплицирате за заем, банките проверуваат низа аспекти и создаваат различни модели за да се осигурат дека вие можете да ги управувате вашите финансиски обврски, дека сте одговорна личност и дека не сте премногу ризични за да ви одобрат кредит. И покрај тоа што моделите за донесување одлуки за кредитните барања се разликуваат кај банките, историја на плаќање на кредитите е еден од најважните фактори за одобрување на секој кредит што ќе сакате да го добиете во иднина. Начинот на кој ги плаќате кредитите е слика за вашата финансиска дисциплина и треба да знаете дека околу 35 проценти од одлуката што ја донесува Банката за тоа дали ќе се ви се одобри некое идно кредитното барање или не зависи од навременото и целосно плаќање на вашите обврски за кредитните производи (кои сте ги имале во минатото или, пак, ги имате во моментот). Така, банките имаат детален преглед за секоја ваша задоцнета рата, без разлика во која банка и да сте доцнеле, а секое задоцнување влијае негативно на вашата кредитна историја и ги намалува шансите за добивање кредит во иднина.

И покрај тоа што, можеби, понекогаш си помислувате дека не е ништо страшно и можете да пропуштите по некоја рата од вашиот кредит и да ја платите со следната плата (бидејќи оваа плата веќе ви е целата испланирана), банките го мерат тоа со намалување на вашиот кредитен рејтинг.

Поради тоа, еден добронамерен совет: Плаќајте ги вашите кредити, сметки и други долгови навреме! Важно е да продолжите да ги плаќате долговите, дури и ако сте пропуштиле плаќање во минатото. Не затварајте си ги „вратите” кај банките за во иднина!

Иднината е неизвесна и не знаеме кога ќе ни бидат потребни пари! Особено нам, на младите, кога пред нас се различни предизвици во животот како купување сопствено возило, решавање на станбеното прашање, или, пак, исполнување на некои желби, а за тоа ни е потребен кредит. Подобрата финансиска дисциплина резултираат со поголеми шанси за квалификување за други заеми во иднина, а само добар кредитен рејтинг може да ни помогне во остварување на нашите цели.

До следното читање!

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар