Објавено на од во категоријата shopping, Картички.

Тагови:

payment-card-processing-basics

Здраво живо. Како за прв блог и на #ТОПСИ а и мој личен…ќе ми дадете простор да се изразам, нели? Please праќајте ми коментари, препораки и конструктивна критика…за да се поправам следниот пат 🙂

Сè почесто кога сакаме да платиме нешто, без разлика дали е во продавница, дали е кафуле или ресторан, бутик или бензинска, го слушаме прашањето „кеш или со картичка“. И сè почесто одговорот на тоа прашање е – картичка. Овој одговор е целосно логичен, оправдан, а морам да кажам и точен.

Ај да ги разгледаме причините зошто користењето картичка место готовина е речиси секогаш подобар избор од плаќањето во готовина. А причини има многу…

Користењето на картичките, дебитни и кредитни, е многу попрактично од кешот, со оглед на фактот дека речиси нема продажно место каде што не се прифаќаат. Вадиш картичка, ја даваш на вработениот, ја става во терминалчето, внесуваш ПИН и готово… Упс, грешка. Ај пак… Вадиш картичка, ја допираш до терминалот, ако е сметката помалку од 750 денари за MasterCard или 1.100 денари кога плаќаш со VISA, не внесуваш ни ПИН, и готово! Нема веќе она „Еј неам ситно, ај раситни кај комшиите до нас“ или, пак, да ти врати некој 17 денари во кецови и двојки. Хорор! А, ќе заборавев, а да ти вратат помалку кусур? Добро ми оди математика, ама неколку пати се има случено да ми нема добар дел од кусурот. Е кога се плаќа со картичка, и тоа за пониски износи, овие ситуации не се случуваат. Значи користење картичка за помали плаќања – ДА!

Колку пати се случува да видиш нешто што ти се допаѓа инстант, сосема случајно, и немаш доволно кеш со себе? А ова ти се случува баш кога си далеку од дома, комплицирано е да најдеш паркинг, или следниот ден не работи продавницата, или, пак, ќе заборавиш да отидеш пак со повеќе пари… Е и тука картичката е многу корисна. Баш пред некој ден во ГТЦ видов интересни очила, а и топ цена со ТОПСИ попуст (http://www.topsi.mk/popusti-i-zdelki/). Никогаш не носам многу кеш со мене, ама си ги купив. Уште подобро, си ги купив на рати без камата со кредитна картичка, ама за тоа другпат 🙂

И да бидеме на чисто – носењето многу готовина со себе е ризично. Парите може да се загубат или да се украдат. Кај картичките тој ризик не постои. Картичката се блокира, се добива нова, а сите пари се безбедни. Сега веќе се безбедни и за користење на интернет, а воопшто да не споменувам колку е тоа згодно, достапно, а често и поевтино.

Млади сме, сакаме да се движиме и да патуваме. Некогаш овие работи не само што се попрактични со картичка, туку и се невозможни доколку ја немаш. Резервација на хотели и сместување, купување авионски билети, рентакар, често и не може да се направи сè доколку не користите картичка, или ,пак, не ја носите со себе.

Замисли да треба да одиш во менувачница, па да смениш денари, на пример, во евра, па потоа еврата во локалната валута на државата во која патуваш? И ова го правиш со поголема сума, која не само што ризикуваш да ја носиш со себе, туку и губиш на курсната разлика при секоја промена. И потоа промена назад во денари кога ќе се вратиш дома, повторно менувачници, банки, трошоци… и мнооогу загубено време за sightseeing.

Најголем дел од платежните картички се интернационални и можат да се користат насекаде, така што си патувам со минимум кеш и сè друго – на картичка. А многу е згодно што можам да си договорам дневен лимит за трошење преку картичка, па уште повеќе да сум сигурен (и во своите аздисувања, а и од кражба) – но за ова повеќе следниот пат. 🙂

За крај, картичката ми дава многу поголема контрола врз трошењето, точно знам кога и колку сум потрошил, сигурни ми се и достапни парите во секое време, може некој да ми уплати на сметка ако ми требаат уште додека сум на пат, во амбасада прифаќаат извод од состојба на сметката поврзана со картичката и сл.

А и по мангупски е кога ќе платиш со картичка нели? 🙂

Еј…само проверете до кога ви е валидна картичката и шибајте 🙂

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

2 коментари до “Зошто платежни картички?”

    • Стопанска Банка

      Здраво Спиро,

      3D Secure е безбедносна надградба која има за цел да ги заштити корисниците од евентуална злоупотреба/кражба при online купување. Досега, системот за СМС нотификации функционира без разлика дали корисникот е во Македонија или не. Единствено што е многу битно за успешно користење е клиентот да има ажурирани податоци во Банката (поконкретно број на мобилен телефон).

      Благодариме на пораката.

Напишете коментар