ПРАВНИ НАПОМЕНИ

 

Оваа веб страница е во сопственост на Стопанска банка АД – Скопје. Сите права се задржани.

Детални податоци за производите и услугите презентирани на оваа страница се достапни на www.stb.com.mk

 

За сите прашања поврзани со TOPSI обратете се на kontaktcentar@stb.com.mk

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Сл весник на РМ, број 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012 и 27/14), се утврдуваат следните правила на наградната игра:

 Член 1

ОРГАНИЗАТОР

Организатор на наградната игра ТОПСИ – дизајнирај картичка“ (во понатамошниот текст “Наградна игра“) е Стопанска банка АД – Скопје, со седиште во Скопје, ул: 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: ОРГАНИЗАТОР).

Член 2

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Наградната игра има за цел промовирање на банкарски производи и услуги за млади, наречени „ТОПСИ“ услуги од млади за млади, наменети исклучиво за физички лица на возраст од полни 18 до неполни 28 години, но пред се има за цел дизајнирање индивидуална идентификациска картичка и да се гласа за истата. Имено, станува збор за ИД картичка со која ќе се идентификува клиентот во филијалите на Банката, а која ќе може сам да ја дизајнира позадината на истата. ТОПСИ картичката не е платежна картичка, туку ќе служи за идентификација на овој сегмент во Банката и кај трговците со кои Банката има склучено договори за посебни услови за овие клиенти. Клиентите се системски обележани по автоматизам и исклучиво тие имаат пристап да изработат дизајн на картичка.

Член 3

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Официјалното име на Наградната игра е ТОПСИ – дизајнирај картичка“.

Наградната игра ќе започне од 20.07.2016 и ќе трае до 30.09.2016 година.

 Член 4

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Квалификувани за учество во Наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица дефинирани согласно систeматизацијата на Банката и само тие имаат пристап за изработка на дизајн на картичка), кои ќе станат корисници на пакетот ТОПСИ (преку регистрација во Банката, отворање на трансакциска сметка и активирање на бесплатните i-bank услуги). Корисниците кои во m-banking апликацијата можат да изработат единствен сопствен дизајн за идентификациска ТОПСИ картичка. Сите дизајнирани картички кои ќе бидат пријавени кај Организаторот преку мобилната апликација m-banking во периодот од 20.07 до 30.09.2016 година влегуваат во наградната игра со едно право на учество. Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје, во Публицис ДОО Скопје и во Блузоне ДОО Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен партнер).

Член 5

ТЕРИТОРИЈА

Наградната игра се организира за физички лица – на возраст од 18 – 27 години, на територијата на Република Македонија.

Член 6

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ

Вид на награда Количина Единечна цена (со ДДВ) Вкупна цена (со ДДВ )
iPad mini 4 3 22,800.00 ден 68,400.00 ден
SPECIALIZED ваучери 3 30,000.00 ден 90,000.00 ден
SONY PLAYSTATION 4 3 19,791.00 ден 59,373.00 ден
GO PRO камера 3 21,000.00 ден 63,000.00 ден

 

Вкупниот награден фонд со вклучен ДДВ изнесува 280,773.00 денари.

Член 7

МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Лицата од член 4 став 1, квалификувани за учество во Наградната игра, за доставен предлог за дизајн на картичката поднесени во периодот од 20.07.2016 до 30.09.2016 година, добиваат шанса за учество во Наградната игра.

Член 8

ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО

Наградата ќе биде доделена само ако учесникот е квалификуван, има право на учество и ако целосно ги почитува Правилата на Наградната игра.

Член 9

ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА

ОРГАНИЗАТОРОТ е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок.

Наградата не се пренесува ниту се препишува пред претходно доделување на истата.

 Член 10

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ОРГАНИЗАТОРОТ има право личните податоци на добитникот да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.

Член 11

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

ОРГАНИЗАТОРОТ има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, по добивање на одобрение од Министерство за финансии со известување до јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.

Член 12

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Евентуално настанатите спорови помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

 Член 13

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 03.10.2016 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Стопанска банка АД – Скопје, на адреса ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје.

Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на компјутер, за што е изготвен специјален софтвер за таа намена.

Извлекувањето на сите награди ќе се одвива, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници, и тоа:

  1. Двајца претставници од Стопанска банка АД – Скопје.
  2. Нотар од Република Македонија

При извлекувањето, ќе бидат извлечени сите награди.

Член 14

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите во дневниот весник „Утрински весник“ како и на веб страницата на ОРГАНИЗАТОРОТ www.stb.com.mk.

Добитникот ќе може да си ја подигне наградата од i-bank store филијалата на Банката, на Кеј 13ти Ноември, од понеделник до петок од 09:00 до 18:00 часот, во рок од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кон добитникот.

Член 15

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ  www.stb.com.mk, по добивањето на согласност од Министерството за финансии на Република Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.

Член 16

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра, до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, која е должна во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот писмено да одговори на добиениот приговор.

Член 17

ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје, вработени во Публицис ДОО Скопје и во Блузоне ДОО Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен/вонбрачен другар). Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група на лица нема да има право на наградата и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост правилата на наградната игра. Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени од Стопанска банка АД – Скопје.

Член 18

НАЧИНИ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА

За известување за Наградната игра ќе бидат користени следните средства:

  1. Социјални медиуми – Facebook, YouTube, Instagram, Twitter со платени/промовирани содржини
  2. Веб банери на македонски веб страници
  3. Постери и летоци поставени во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје
  4. E-mail и смс маркетинг до постојна база на клиенти кои изразиле согласност за контактирање
  5. Преку трговци/компании соработници/партнери на Банката.

Член 19

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерсвото за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградата.

ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА СОПСТВЕН ДИЗАЈН НА ID КАРТИЧКА

ВОВЕД

Добредојде TOPSI! Креирај ја тука својата ID картичка!

Со ID картичката презентирана кај нашите партнери во трговската мрежа ќе имаш можност да ги искористиш попустите и зделките кои Банката ги договори за своите TOPSI. Дизајнираната ID картичка ќе биде испечатена и доставена во најблиската филијала а ќе биде достапна за приказ и внатре во мобилната апликација.

Сите дизајни на картички ќе бидат објавени без личните податоци на Facebook страницата на Банката како инспирација за идните и новите TOPSI клиенти.

 

ДИЗАЈНИРАЈ ID КАРТИЧКА

Како начин да ја поттикнеме твојата креативност и притоа да ја цениме индивидуалноста го развивме овој систем за дизајнирање на ID картичка што ќе ти понуди можност да добиеш и печатена форма на сопствениот дизајн или фотографија.

Алатките кои се достапни на оваа платформа овозможуваат прикачување на сопствена фотографија/дизајн или користење на еден од 5те предлог дизајни и доработување на прикачениот документ со неколку специјални филтри. Дополнително постојат и елементарни алатки за изработка на графичко решение.

Биди слободен во креацијата на ID картичката која на крајот ќе го носи и твоето име и презиме и ID бројот од TOPSI.

Сепак, пред да ја дизајнираш својата уникатна ID картичка те молиме прочитај ги овие неколку правила за да можеш да изработиш нешто со што ќе се гордееш и ќе можеш да го покажуваш во трговската мрежа за да го добиеш попустот кој Банката го обезбеди за сите TOPSI.

 

ПРАВИЛА:

Сите дизајни на картички подлежат на проверка и доколку се сметаат за несоодветни нема да бидат прифатени од страна на Банката, односно за клиентот ќе биде изработена генеричка ID картичка (по случаен избор).

За вашиот дизајн да не биде означен како несоодветен, ве молиме имајте ги во предвид овие препораки и правила:

  • Забрането е користење на фотографија каде што се гледаат и идентификуваат лица (без разлика дали станува збор за лична, групна или фотографија од познати /јавни личности и други лица)
  • Забрането е користење на фотографија или графички приказ на агресивни, насилни или елементи кои вршат полова, религиозна, етничка, политичка или дискриминација по било која друга основа или се омаловажува и повредува достоинството и угледот на правно лице, група лица, или приватно лице.
  • Користење на логоа и визуелни егзекуции од трети компании не е дозволено

Банката го задржува правото да одбие предложен дизајн базирано на неговата несоодветна содржина и да го отповика дизајнот доколку добие пријава за повреда на личен податок или злоупотреба на авторски труд/дела за што навремено ќе го извести клиентот кој го изработил дизајнот. Банката  ќе ги прави сите напори да го задржи интегритетот на сопствените брендови, но не може да биде одговорна за објавата на фотографии од страна на корисниците кои ги прекршиле правилата и авторските права на другите.

КАКО ДА ИСПРАТАМ ПРЕДЛОГ КАКО ОДГОВОР НА ДАДЕНИОТ ПРЕДИЗВИК?

 

Едноставно – избери го начинот на кој сакаш да споделуваш:

  • преку Facebook користејќи го @topsisb во постот/објавата
  • преку Twitter или Instagram користејќи го #TOPSI #ТОПСИ
  • преку нашиов topsi.mk креирајќи профил на РЕГИСТРИРАЈ СЕ

Притоа, мора да напоменеме дека сите предлози ќе подлежат на проверка пред да се појават на topsi.mk па така, содржини со вулгарна, агресивна или непристојна содржина нема да се појавуваат. Сите регистрирани корисници ќе може да гласаат за фаворит предлог. Најгласаните 3 ќе добијат подарок од TOPSI а жири комисијата ќе избере 2-3 предлози кои ќе може да се претворат во видео запис, секако со јавна пофалба до предложувачите.
Предлозите се доброволни и може да ги направи секој, без ограничувања во формат и број. За авторските права се грижи секој предлагач, односно Банката не презема одговорност за авторските права на учесниците во овој јавен предизвик.

Правила за FAIR PLAY:
За поголема објективност во изборот секој корисник може да гласа за сите предлози само по еднаш дневно. Банката го задржува правото да ги дисквалификува сите учесници кај кои ќе забележи невообичаен и нелогичен раст на бројот на гласови или кои на каков било друг начин ќе ги прекршат правилата за фер гласање. Пред исклучувањето Банката ќе се обрати до предлагачот со информација дека ги нарушува правилата за fair play.

На веб страницата www.topsi.mk можно е да се најавите и да креирате свој профил со цел да испратите предлози за настани во i-bank store или да одговорите на предизвиците од кампањата за промоција на TOPSI.

Сите податоци на платформата ќе се користат исклучиво на www.topsi.mk. Стопанска банка АД – Скопје нема да ги обработува податоците и ќе овозможи бришење на креираните профили.

Системот за објавување на содржини на topsi.mk користи филтер на несоодветни содржини. Соодветно, доколку администраторите на страницата ја оценат содржината како несоодветна (навредлива, заканувачка или непристојна) истата нема да биде објавена без дополнителни објаснувања.

За сите прашања поврзани со topsi.mk може да се обратите на 24/7 контакт центарот на (02)3100 109 и kontaktcentar@stb.com.mk

stb_logo_bottom

Стопанска банка АД - Скопје / ПРАВНА НАПОМЕНА